Skip to main content

За што Обвинителството го товари Ахмети: Не плаќал концесија за експлоатација на минерални суровини, тој вели дека само доцнел со уплатите

Дрин Ахмети завчера даваше исказ во Обвинителството за организиран криминал за злоупотреба на концесијата за рудник кај Кичево откако МВР минатата недела поднесе кривична пријава против него.

За што всушност се работи

Во период од 2016 година до 2023 година кривично пријавените постапиле спротивно на Закон за минерaлни суровини и договорот за концесија за експлоатација на локалитет во општина Зајас, склучен меѓу правното лице и владата, претставувана од страна на тогашниот министер за економија.

Истите биле должни да плаќаат точно утврден годишен надоместок за користење на просторот кој бил доделен со концесија за експлоатација и надоместок за експлоатирана количина на минерална суровина, и како потписници на сметка на правниот субјект исплатиле помалку концесиски надоместоци во вкупен износ од 1,6 милиони денари, при што предизвикале штета и на буџетот.

Но, Ахмети во емисијата „Код“ вели дека плаќал уредно за концесијата, и дека само имало привремен застој во уплатите.

Јас им објаснив на нив. Им ги обезбедив уплатите. Им ги обезбедив платените камати за доцнењето и им кажав зошто имаше доцнење. Техничките причини зошто имаше доцнење, изјави Ахмети за емисијата „Код“.

Поврзани вести