Skip to main content

Вреди: Ги лажеа Албанците за мали плати, а сопругата на Бујар Османи зема плата над 100.000 денари и неговата сестра во М-НАВ над 3.000 евра

Партијата прогласена за Нон грата од меѓународниот фактор реагирала на вработувањата на Албанците во државните институции – тие преку клевети сакаат да ги покријат своите неуспеси во периодот додека повеќе од две децении беа на власт, соопшти коалицијата Вреди.

„Широката јавност многу добро знае дека тие 20 години се грижеа единствено за вдомување на своите семејства, и тоа на работни места каде месечната плата е повеќекратно повисока од просечната. Наместо да дадат отчет зошто Албанците ги претворија во администратори без работа и зошто ги оставија без реална застапеност, функционерите на ДУИ избираат да клеветат“, се вели во соопштението на Вреди.

На оние што излегуваат на прес-конференции, се додава, им порачуваме да се вратат во канцеларија и да го прашаат својот шеф Бујар Османи, кој е и шеф на штаб, и кандидат за градоначалник, а воедно и потпретседател на партијата – зошто ги лаже!

„Нека го прашаат Османи каде е вработена неговата сопруга, чие име од коректност нема да го спомнеме? Но, пред да прашаат, ние им откриваме дека сопругата на Бујар Османи зема месечна плата над 100.000 денари, што изнесува колку 4 плати на администратори кои ДУИ ги лажеше повеќе од 20 години. Исто така, нека прашаат каде е вработена неговата сестра и колкава е нејзината месечна плата? Албанците добро знаат дека во М-НАВ, сестрата на Бујар Османи зема месечна плата над 3.000 евра, што е колку 6 плати на еден друг администратор“, соопшти Вреди.

Вреди нема повеќе да наведува имиња, се додава во соопштението.

„Но, Вреди предупредува дека во наредните денови целосно ќе го обелодени непотизмот и вработувањата на семејствата на ДУИ во последните 20 години, овој пат со име и презиме. Исто така, за направените клевети ќе се иницираме соодветна постапка доколку нема јавно извинување од ДУИ“, се вели во соопштението на коалицијата Вреди.

Поврзани вести