
Во денешната акција за доброволно дарување крв во Гимназијата „Кочо Рацин“ во Велес се собрани 17 крвни единици, а осум ученици првпат дарувале крв. Освен ученици крв даруваа и вработени, директорот Илија Попов, а им се приклучи и градоначалникот Марко Колев, информира за МИА Орце Николов, секретар на Општинската организација на Црвен крст Велес, а кои акцијата ја организираа со екипа од Институтот за трансфузиона медицина од Скопје и свои млади волонтери.
Инаку во три акции за доброволно крводарување во изминативе денови во трите велешки средни училишта ДСУ РЦСОO „Коле Неделковски“ Хемиското „Димитрија Чуповски“ и денеска во Гимназијата „Кочо Рацин“ се собрани вкупно 75 крвни единици.
Овие се втори годинашни акции за крводарување организирани во велешките средни училишта во 2025 година или први во оваа учебна 2025/26 година.
Како што најавија од ООЦК Велес, следната крводарителска акција е во недела во Градско традиционална за Денот на Општина Градско, а ќе се одржи во Домот на културата „Крсте Петков Мисирков“ од 9-16 часот. Во понеделник во ООУ „Блаже Конески“,во Велес, а каде освен вработените, крв можат да даруваат и родителите и сите граѓани, а акцијата ќе ѕтае од 9 до 13 часот.

Македонски







