
Во овие осум децении од нивната печатница излегоа 8.000 изданија, а на годишно ниво се издаваат по 300 броја во печатена и електронска форма.
Во своето обраќање Заменикот претседател на Владата задолжен за политички систем, Љупчо Димовски истакна дека 80-годишниот јубилеј на Службен весник на Република Македонија, сведочи за историјата на нашата држава, за сите важни историски акти и документи објавени во ова службено гласило, кое чекори заедно со историјата и иднината на нашата држава. Во македонското службено гласило, од неговиот прв број, па сè до денес, објавени се бројни закони и подзаконски акти, кои го сочинуваат правниот систем на државата, при што ги опфаќа сите значајни настани кои ја одбележаа нашата историја.

„Првиот број ги содржи основните акти на АСНОМ од 2 август 1944 година, со кои е формирана македонската држава со сите елементи и атрибути на државноста, како телата на законодавна и извршна власт, јазикот, системот на образование, системот на здравство, никулецот на судството, платежно средство, територијална поделба на државата, бројни правилници, оперативни решенија.”,истакна министерот за правда, Игор Филков.
Службениот весник не е само хроничар на државноста, туку и последниот филтер за сите прописи кои се објавуваат во државата, своевиден гарант за нашата правна сигурност или според мотото со кое вчера беше прославен нивниот 80-годишен јубилеј -„Правник кој знае се“ рече директорот Владимир Кроневски.