
Во пет од десет скопски општини ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата ќе имаат мнозинство во советот. Мнозинство советници ВМРО-ДПМНЕ ќе имаат во општина Аеродром, Бутел, Гази Баба, Ѓорче Петров и Кисела Вода. Интересно е тоа што во Општина Сарај во прв круг победи Мухамет Елмази од ВРЕДИ, додека мнозинство во советот ќе има НАИ.
Во Советот на Општина Аеродром, според обработени 99,90 проценти од гласовите, мнозинство ќе има ВМРО-ДПМНЕ со 15 советници. Во 27 члениот совет, Левица влегува со шест советници, СДСМ со пет и ЗНАМ со еден.
Во Аеродром е извесен втор изборен круг, каде што кандидатот Дејан Митевски од ВМРО-ДПМНЕ освои 49,09 проценти од гласовите, пред кандидатот на СДСМ, Александар Трајановски, кој има 20,79 проценти.
Во Советот на Општина Бутел, според 100 проценти обработени гласови, ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата ќе имаат мнозинство со 10 советници. Во 19 члениот совет на Општина Бутел влегуваат и четири советници до НАИ, три од Коалицијата ВРЕДИ и по еден од СДСМ и Левица.
Во Бутел, во прв круг победи досегашниот градоначалник Дарко Костовски од ВМРО-ДПМНЕ кој има 52,96 проценти пред Исамедин Азизи од НАИ со 28,17 проценти.