Skip to main content

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче, ако е доблесен, нека им се извини на граѓаните за целокупниот хаос во државата оставен од владеењето на СДС

СДС не може да си го среди хаосот во сопствените редови, не пак да друго

Прво што треба да направи Венко Филипче, ако е доблесен, на средбите со граѓаните место да им продава демагогија, да им се извини за општествениот, економски, социјален хаос кој го остави седумгодишното владеење на СДС, каде директен учесник беше и тој самиот.

Креаторот на проблемите, СДС не може да биде решение.

За седум години ја опљачкаа и ја презадолжија државата, економијата ја уништија, а народот го осиромашија.

Седум години институциите на СДС му служеле за испумпување пари и богатење на поединци.

Целиот државен апарат и безбедносен систем ги ставиле во функција на нивно останува на власт, па така го следеле, прислушкувале и документирале секој чекор и разговор на претседателот Христијан Мицкоски, партиски функционери и членови, како и новинари и бизнисмени.

Сега СДС, на чело со Венко Филипче, може да седи и да гледа како со ВМРО-ДПМНЕ се водат и се развиваат општините и државата, како се реализираат проекти и се креираат мерки и политики кои го подобруваат животот.

Со ВМРО-ДПМНЕ на власт државата оди напред, а граѓаните живеат подобро.

Поврзани вести