Skip to main content

ВМРО-ДПМНЕ: Ако Заев земал куферче со пари од Борисов, сега какво куферче земал Филипче за актуелниот трик наречен црвени линии

Од ВМРО-ДПМНЕ реагираат дека лагите и триковите се карактеристика за раководството на СДСМ, поточно на актуелниот претседател Венко Филипче и неговиот струмички гуру Зоран Заев.

Филипче сега зборува за некакви црвени линии кон Бугарија, но тој како и неговиот другар Заев се веќе прочитани.

Повеќе од очигледно е дека црвените линии на Филипче се само еден подарок од СДС за Бугарија, или уште едно попуштање кон Бугарија. Или, уште една бонбона бизнис од СДС за Бугарија.

Се сеќаваме на кажувањата на поранешниот премиер на Бугарија, Бојко Борисов дека финансиски ја помогнал СДС и тоа директно, поточно преку куферче пари за менторот на Филипче, Заев“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ. 

Оттаму додаваат дека Прашањето сега е, ако Заев земал куферче од Борисов, сега какво куферче земал Филипче?

ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи распродавање на ништо што е од Македонија, или тоа  што за Филипче е добро, за граѓаните и за Македонија значи само едно, ново предавство.

За црвените линии на Филипче кои значат само уште еден бонбона бизнис од СДС за официјална Софија, сега има пречка, а тоа е  ВМРО-ДПМНЕ.

Затоа, сега вистинскиот избор е ВМРО-ДПМНЕ“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани вести