Skip to main content

Владата пред договор за нова инвестиција – нови 1000 високо платени работни места

Freepik

Премиерот Христијан Мицкоски најави нова инвестиција во Македонија. Македонската Влада е пред договор за со огромна канадско-американска компанија за нова инвестиција од 150 милиони долари.

Непрестано ќе продолжиме да работиме во борбата за заштита на животниот стандард и економијата. Следната година ќе биде година на економија и повеќе пари и повисок стандард за секого. Работиме на тоа најмногу и со сите сили. Објавувам убава вест која ќе ги израдува граѓаните. Пред договор со огромна канадско-американска компанија за нова инвестиција од 150 милиони долари и за нови високоплатени 1000 работни места. Не мирувавме и сме на прагот и на повеќе други инвестиции кои ќе значат подобар живот за сите наши сограѓани. Очекуваме во воената наменска индустрија инвестициите да достигнат повеќе од 1 милијарда долар – рече Мицкоски.

Поврзани вести