
Владата најавува нови мерки за реформа на институциите и целосна пресметка со корупцијата. На вчерашната вонредна владина седница по трагичниот настан вп Кочани се донесе одлука со која се задолжува Државниот пазарен инспекторат во наредните три дена да изврши вонреден инспекциски надзор врз угостителски објекти (кабаре, ноќен клуб, дискотека и дискотека на отворен простор), на територијата на Република Македонија и за наодите од надзорот веднаш да ја известат Владата, за да се утврди фактичката состојба дали истите работат според стандардите ги исполнуваат условите согласно законите и прописите на државата.
Воедно, владата ја информира јавноста дека во соработка со Министерството за внатрешни органи и другите институции надлежни за целосно расчистување на случајот се прибираат материјални докази и дека секој еден којшто е инволвиран во овој трагичен настан и свесно придонел за загрозување на човечките животи ќе биде изнесен пред органите на правдата и соодветно ќе одговара.
Никој не е над законот. Изразуваме длабоко сочувство до семејствата на жртвите, во овој трагичен настан не постои збор кој може да ја ублажи болката за ненадомесливата загуба. Целиот здравствен и медицински тим во сите здравствени установи е на располагање и пружи здравствена нега и помош за брзо закрепнување на повредените. Водно, во овие исклучително тешки и тажни моменти за целиот македонски народ, замолуваме да не се политизира случајот, за институциите да можат навремено и соодветно да го расветлат случајот. Ниту една информација нема да биде скриена од очите на јавноста, велат од Владата.
Покрај овие веќе донесени одлуки, оттаму брифираат дека во наредните денови ќе има „хрбри и одлучни чекори“.
Како што потенцираат, некои од овие одлуки ќе бидат неочекувани, но се неопходни за промена на системот.
Во нашата држава се случувале негирања и проблеми со државноста, суштествени проблеми за опстанокот на нацијата и државата, имавме и воена криза, вооружен конфликт, се случил пад на авион, потонување на брод, пат на хеликоптер, масакр на невини луѓе, деца кај Смилковско, се случувал тероризам како Диво Насеље, имало обиди за дестабилизација имало свесни подметнувања и сценарија, имало и големи и помали несреќи. Секоја со својата тежина и со свој интензитет на трагичност во себе. Но, ова е кулминацијата на еден лош, забревтан систем кој ги јаде нашите надежи, а покрај надежите и нашите соништа. Или ќе го победиме ние него или тој ќе оставиме да не победи нас. Победа над тој систем е можна само со одважност, доблест и принципи во кои веруваме, никако поинаку, не можеш да го излажеш тој систем, затоа што се храни од лагата и така станува посилен. Систем во кој погрешни луѓе носеле погрешни одлуки. Да знаете, само со одважност, доблест и личен пример, со лична жртва може да се избориме и да го победиме тоа зло. Тоа зло на корупција и злоупотреби на институциите, приватизирање на државата и уништување на се што е правично и нормално, зло во кое сите работеле и соработувале меѓу себе на штета на сиот нормален свет, рече синоќа премиерот Христијан Мицкоски.