Skip to main content

Велешани вечерва излезете да ја пречекате Илинденската коњаница

 Вечерва во 19:00 часот, коњаницата од Илинденскиот марш  ќе пристигне во центарот на Велес, , каде во чест на великаните од Илинден 1903,  учесниците и домаќините ќе се поклонат  и ќе положат  цвеќе пред споменикот на „Коњаникот“ посветен на  Велешките војвоци  – Илинденци, информираат денеска  од Општина Велес кои го организираат нивното пристигнување во Велес.

Од Општина Велес ги повикуваат сите граѓани вечерва да дојдат кај споменикот на  „Коњаникот“ во центарот на Велес  и да ја пречекаат Коњаницата од Илинденскиот марш.

Тие потсетуваат дека традиционалниот Илинденски марш на Коњаницата ќе заврши на 2 Август во Крушево, на прославата на најголемиот македонски национален празник – Илинден. 

Организатор на Илинденскиот марш  е Здружението на граѓани „Илинденски марш 1978 година” кој и  оваа година го организира традиционалниот Илинденски коњанички марш од Скопје до Крушево,со поминување на повеќе населени места: градови и села каде е пречекувана од локалните власти и граѓаните. 

Поврзани вести