
Порталот „Струмица Денес“ тврди дека лицето А.Н кое е уапсено денеска е телохранител на поранешниот премиер Зоран Заев. Тој е уапсен поради основано сомнение дека намерно подметнал пожар во атарот на брана Водоча, кај Струмица.
Од Министерството за внатрешни работи најавуваат дека во текот на денешниот ден ќе излезат со официјални информации и повеќе детали за случајот.
Со ова се потврдува дека пожарите се подметнати и дека целта е да се предизвика политичка нестабилност и револт кај граѓаните. Пред десетина дена активист на ДУИ беше привреден како подметнува пожар а сега имаме нов случај поврзан со лице блиско до Заев.
Извор: „Струмица денес“