
Светлана од село Житораѓа е главен лик во осмата епизода на ТВ Колумната „5 минути со Чавез“. Српската мајка како што ја нарекуваат Цеца Ражнатовиќ ги разочара Македонците откако на концертот во Велес го развиори бугарското знаме. Не само што го развиори, туку и се нагрна со него. И не се извини.
Со ова Цеца по сѐ изледа заврши со пеењето во Македонија. Но, едно успеа, ги засени дури и локалните избори.
Гледајте ги петте минути со Чавез.

Македонски






