Skip to main content

Трибина „Инфраструктурен бум – Ги градиме темелите на промените“ во Гевгелија

Трибина на тема „Инфраструктурен бум – Ги градиме темелите на промените“ се одржа вечерва во Гевгелија, во организација на ВМРО-ДПМНЕ. На трибината говореа претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Христијан Мицкоски,  вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, директорот на ЈП Железници инфраструктура Синиша Ивановски, директорот на ЈПДП, Коце Трајановски, градоначалник на Општина Гевгелија, Андон Сарамандов и пратеничката во македонското Собрание, Ангелинка Петкова.

-Бугарија даде ветување дека ќе работиме заеднички на пругата по Коридор 8, а акцентот го ставаме и на пругата по Коридор 10, истакна во Гевгелија на денешната панел дискусија на тема „Инфраструктурен бум, ги градиме темелите на промените“ претседателот на Комисија за инфраструктура, урбанизам и транспорт на ВМРО-ДПМНЕ, и директор на ЈП ЖРСМ, Синиша Ивановски.

Ивановски посочи дека пругата станува број еден транспорт во цела Европа, па како резултат на тоа и Македонија ќе го следи тој чекор.

– Свесни сме дека и на европско ниво пругата станува број еден транспорт за сите граѓани во цела Европа, и ние мораме да го следиме тој огромен чекор за да дојдеме до некое исто ниво. Во Македонија пругата е многу едноставна Север-Југ од Србија до Грција, и Исток-Запад од Бугарија према Албанија, ќе имаме брза пруга од Србија према Грција поминувајќи низ Гевгелија, но паралелно се гради во моментот од Скопје према Софија поделено на три дела, првиот од Скопје до Куманово веќе постои одамна, Куманово до Бељаковце завршен овој февруари, моментално се гради Бељаковце-Крива Паланка тој е околу 35 километри, имаме прогрес околу 30-35 отсто со некој рок за завршување отприлика за едно година и пол, објасни Ивановски.

Тој нагласи дека Бугарија на состанокот во Брисел дала ветување дека заеднички ќе се работи на изградбата на тунелот.

-Можам да кажам дека, вчера јас лично бев во Брисел на покана на ЕУ каде што Македонија и Бугарија имаа состанок околу решавањето на тунелот, вчера и Бугарија сериозно ветување дадоа дека ќе работиме заеднички да го работиме овој тунел а паралелно они веќе почнуваат со постапки за пругата од Бугарија кон граница со Македонија во четири дела да биде реконструирана, изградена со тоа што ќе добиеме пруга од Скопје до Софија со некоја идеална брзина од 100-120км на час, но акцентот во железничкиот транспорт во Македонија ќе биде од влез од Србија до Македонија до излез кај Гевгелија према Грција да имаме со 160 на час патнички сообраќај со минимален број на застанувања, истакна Ивановски.

-Кога ВМРО-ДПМНЕ е на власт работи и ние оставаме дела зад себе, рече Коце Трајановски, директор на Јавното претпријатие за државни патишта на вечерашната трибина во Гевгелија.

На трибината Трајановски информираше за тоа каква состојба затекнал во претпријатието и што се е направено за овој краток период од една година Влада.

 -Кога дојдов за директор верувајте дека сите делници беа замрени, не се работеше механизацијата или ја немаше или пак не работеше. Успеавме да направиме патишта, експресни и автопати во должина од 100 километри, кажа Трајановски.

Пред присутните на трибината информираше за реализираните патни правци во овој период.

-Од Страцин до Крива Паланка, од Градско до Дренево од Дреново до Фариш,  го пуштивме и патот од Врбјани до Ботун кој по 11 години беше пуштен.  Тоа е одлика на наше домаќинско и одговорно работење. Ние поставуваме нови стандарди за работење во сите институции, вели Трајановски.

Додаде дека тука не се сопира и оти се работи на уште многу други патни правци.

-Работиме на еден од најважните правци Кичево – Охрид, интензивно работиме за по 13 години или се надевам следната година да го пуштиме и тој патен правец, изјави Трајановски.

Според директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Македонија се наоѓа во една експанзија на патна инфраструктура.

-Веќе го објавивме тендерот за Скопје – Блаце за оние фамозни 10 километри. Тие  почнаа од Блаце кон Скопје и направија само два километри кои завршуваат во еден дол, информираше Трајановски. 

Дел од вечерашната трибина беше и градоначалникот на Општина Гевгелија,  Андон Сарамандов. Тој  потенцираше дека Коридорот 10 ќе биде од огромно значење за општина Гевгелија, која, според него, е транзитен центар, а ги спомена и индиректните бенефити кои ќе влијаат на развојот на туризмот во Гевгелија.  Ги спомена и двете инвестиции кои во моментов се во фаза на реализација и кои ќе овозможат 500 нови работни места.

-Општина Гевгелија има добра местоположба. Се наоѓа во близина на граничниот премин Богодорица, но тука минува и коридорот 10 којшто од страна на министерот за транспорт, Александар Николоски е веќе најавен и во иднина ќе треба да се реализира, рече Сарамандов и додаде: ,,За нас како град за граѓаните на Гевгелија е од посебно значење. Пред се за локалниот економски развој со обнова на асфалтниот пат и изградба на оваа пруга. Во Гевгелија ќе се создадат предуслови да биде уште повеќе отворена кон овој голем транзитен коридор. А секако ќе придонесе, ќе се отворат можности за нови инвестициони вложувања во нашата општина“.

 Според Сарамандов патиштата отвораат само нови можности за општина Гевгелија.

 -Во моментов, како резултат на нашата досегашна работа, имаме две инвестиции кои се во тек на реализација. Едната на влезот во градот на површина од 20000 м2, а другата на патот на граничниот премин до Богородица на 7000 м2. Овие две инвестиции ќе овозможат 500 нови работни места се надевам до крајот на оваа година, истакна Сарамандов.

Според него, од големо значење е индиректниот бенефит, со цел да се развие туризмот во општина Гевгелија

-Но уште поважно за мене како градоначалник е индиректниот бенефит, тие да придонесат да имаме што поголем број на туристи во нашиот  град, заклучи Сарамандов. 

На денешната панел дискусија на тема „Инфраструктурен бум, ги градиме темелите на промените“ се обрати и пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Ангелинка Петкова.

Петкова истакна дека амандманот за покачување на правото на посебен додаток и правото на попреченост е изгласан и зголемен за 50 милиони денари, со што со тој амандман ќе добијат покачување сите лица со попреченост до 26 години, и лицата над 26 годишна возраст кои го користат правото на посебен додаток.

-Оваа недела се заврши амандманската расправа за ребалансот на Комисијата за финансирање и буџет, како човек кој доаѓа од социјалната заштита горда сум што сум потписник заедно со моите колеги од ВМРО-ДПМНЕ на еден амандман со кој баравме 50 милиони денари за покачување на правото на посебен додаток и правото на попреченост. Амандманот беше прифатен, со овој амандман ќе добијат покачување сите лица со попреченост и тоа лицата до 26 годишна возраст кои го користат правото на посебен додаток, како и лицата над 26 годишна возраст кој го користат правото на попреченост, рече Петкова.

Пратеничката посочи дека Законот за заштита на децата кој бил закочен во 2023 година, со законските измени е откочен и повторно е воспоставен процесот на работење на Комисија за давање лиценци кои се главен критериум за вработување во градинките.

-Ние како Влада и како пратеници ќе продолжиме и понатаму да се грижиме за оваа категорија на лица и да носиме закони кои ќе го подобрат нивниот начин на живеење. Друг закон кој е од големо значење за граѓаните е законот за заштита на децата, со овие законски измени ние го откочивме процесот на работење на Комисијата за давање на лиценци, за лица кои сакаат да бидат вклучени во системот на згрижување на деца од предучилишна возраст, оваа Комисија застана со работа со месец октомври 2023 година, и од тогаш па до денес немаше можност за издавање на лиценци, а лиценците се главен критериум и основен услов за вработување во градинките, децидна е Петкова. 

Поврзани вести