Skip to main content
_t5Yz85TkEI

Тошковски: Ќе се кратат места во МВР, има повеќе функционери отколку работници

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во емисијата „Click Plus“ на ТВ21 најави дека ќе се кратат работни места во Министерството за внатрешни работи.

Како што истакна, во моментов има повеќе функционерски позиции отколку работници.

Сега концептот на гранична полиција е поделен на 4 дела – имаме регионален центар север, југ, исток, запад, сите овие имаат началник. Началникот има помошник, секретарка, шофер, има советници, има општи и заеднички служби, има сметководителски служби, како да кажам сега наместо да има еден… А па сите овие 4 над нив имаат уште еден кој што врши контролно-надзорна улога, значи функции, функции, функции, вели Тошковски.

Поврзани вести