
Триесетгодишен скопјанец е приведен откако во казино во скопската општина Аеродром претходно било пријавено нарушување на јавниот ред и мир со физичка пресметка.
Според информациите од МВР, Д.Т. (30) од Скопје на 18 септември, околу 03:20 часот, влегол во физички конфликт со С.С. (28), исто така од Скопје.
При интервенцијата на полицијата, 30-годишникот, според пријавеното, се однесувал агресивно и кон полициските службеници кои преземале службени дејствија.
Д.Т. бил приведен од полициски службеници од СВР Скопје.
Од МВР информираат дека по целосното документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок до надлежните органи.

Македонски


