
Патната инфраструктура е област во која никогаш нема крај, секогаш има потреба од изградба и реконструкција на уште една улица, секогаш има потреба од нови тротоари како на улицата „28 август“, „Партизанска“, на „Браќа Миладиновци“, на улицата „Кочо Рацин“ и на многу други локации, вели Тони Тоневски, кандидат за градоначалник на општина Пробиштип од ВМРО-ДПМНЕ во изјава за медиумите.
Но Пробиштип не е само градот, во наредните 4 години ќе инвестираме во секое населено место.
Асфалтерките ќе стигнат до секоја населба и секое село.
Ќе го изградиме патот до Јамиште, Шталковица, Пестришино, Близанци, Кундино, Костомар, Горни Стубол.
Ќе го прошириме и реконструираме патот до Свети Николе, преку Неокази и Мечкуевци, за да добиеме вистински регионален пат каков што доликува на нашата општина.
На сите жители ќе им овозможиме нормален и безбеден пристап до нивните домови и села. Заборавени места повеќе нема да има.
Направете го вистинскиот избор, за тебе за твоето место, за твојата иднина, вели Тоневски.