
Во моментов во Македонија во 76 јавни средни училишта се реализира стручно образование. Секој ученик реализира практично образование, односно учење преку работа. Во тековната учебна година речиси 70% од деветтооделенците се запишани во стручни училишта. За да се обезбеди подобар квалитет на образованието, од учебната 2025/2026 година во училиштата се вклучени кариерни советници и координатори за практично образование.
Министерката за образование и наука Весна Јаневска денеска информираше дека за новата учебна 2026/2027 година се обезбедени над 25 илјади ученички места за упис во прва година, од кои 17 илјади во стручно образование, а од нив, скоро 7 илјади во дуални паралелки. Се воведуваат и неколку нови образовни профили, како – Техничар за мултимедиски технологии, Компјутерски техничар за развој на видео игри и виртуелна реалност и Техничар за енергетски ефикасно греење и климатизација.
Ценам дека учениците и родителите препознаваат дека средното стручно образование е навистина успешен модел на образование во Македонија. Тоа значи и дека занаетите имаат иднина, или како што популарно меѓу граѓаните се кажува – занаетите злато вредат“ изјави министерката Јаневска.

Македонски



