
Kaндидатот за градоначалник на СДСМ и Коалицијата Ивица Стојкоски на предизборниот собир во Македонски Брод презентирајќи ја својата програма за Македонски Брод најави стипендирање на сите ученици коишто ќе се запишат во гимназијата Свети Наум Охридски, зголемување на поддршката за здруженијата на граѓаните на територијата на општината од сегашните 300.000 денари на еден милион денари до 2029 година, субвенционирање на трошоците за превоз на пензионерите за нивни екскурзии во други градови, помош од 5.000 денари за полагање возачки испит за младите, 15.000 денари за секој исклучен брак на територијата на општина Македонски брод, како и големи проекти во заштита на животната средина и туризмот.
„Отпочнување на проектот нула пластика во Македонски Брод којашто ќе опфаќа дислокација на сите диви депонија на територијата на општината, поставување на плутени брани за собирање на пластика во речното корито на река Треска, чистење на речното корито на река Треска заедно со брегот на езерото Козјак од пластика, за да се создадат услови после сето ова да се организира нова манифестација за Македонски Брод – регата на Треска која ќе привлече многу туристи љубители на природата.
Мораме заедно да се бориме и заедно да го градиме, да се бориме заедно да го направиме Македонски брод туристички, урбано, спортски, културно и уметнички препознатлив. Македонски Брод да биде посреќно место за живеење“, порача каднидатот за градоначалник на СДСМ Ивица Стојкоски, и ги повика гласачите на 19 октормври да гласаат за бројот 5, да ја дадат довербата на СДСМ и Колаицијата.