Skip to main content

Стоилковиќ се сретна со српскиот премиер: Солидарноста што ја покажува Србија по трагедијата во Кочани е за почит

Потпретседателот на Владата и министер за односи меѓу заедниците, Иван Стоилковиќ денеска оствари средба со претседателот на Владата на Република Србија, Милош Вучевиќ. Двајцата соговорници зборуваа за понатамошните чекори, но и можностите за дополнителна помош по трагичниот настан во Кочани во кој животот го загубија 59 лица. 

Стоилковиќ воедно му се заблагодари на српскиот премиер Вучевиќ за подадената рака и несебичната поддршка што Србија во согласност со своите можности ѝ ја дава на нашата земја во овие тешки моменти.

Солидарноста што ја покажува Србија по трагедијата во Кочани е за почит и навистина бескрајно сме благодарни за подадената рака. Благодарни сме што, како и останатите наши соседи, ги ставија на располагање сите свои, пред сѐ, медицински капацитети“, рече по средбата Стоилковиќ.

Стоилковиќ уште еднаш изрази длабоко сочувство до семејствата на загинатите во трагедијата во Кочани.

Моите мисли и понатаму се со сите оние кои ги загубија своите најблиски и со оние кои се борат за своите животи. Сочувство до семејствата на загинатите, молитва за закрепнување на повредените и надежи дека сложно ќе ги ублажиме последиците од оваа трагедија од невидени размери“, истакна Стоилковиќ.

Поврзани вести