Skip to main content

Стефановски: Путин и Зелeнски ќе се сретнат тогаш кога ќе има сигнали дека се назира некаков договор

Безбедносниот аналитичар, Милан Стефановски коментирајќи ги преговорите меѓу Украина и Русија смета дека почетокот на преговори од ваков формат и проблематика е најтешката и најкомплицираната фаза од преговорите. Т

Запрашан дали беше реално да се очекува дека Путин и Зеленски ќе се сретнат директно по три години, без никаква претходна подготовка, за „Локално“ истакнува дека никој не очекуваше да се сретнат двајцата лидери во оваа фаза на преговорите. Едноставно тоа, според него, во овој момент не беше реално.

-Путин и Зеленски ќе се сретнат тогаш кога ќе има сигнали дека се назира некаков договор. А, можната средба како најавувана беше пробен балон на кого и колку му е дојдено до брз мир, смета Стефановски.

Поврзани вести