Skip to main content

Стефаноски: Тенките и бледи црвени линии на СДСМ

Политиката во јавниот дискурс ја следам активно 15 години, а првите мои пишани коментари беа во 2009 година во еден дневен печат, но апсолутно никогаш не сум воочил ваква тешка хипокризија на политичката сцена и партискиот ПР, aнализира за „Курир.мк безбедносниот аналитичар Милан Стефановски.

ПР стратезите на СДСМ очигледно се ангажирани од Дубаи или Халкидики.

Тие се одлепени од реалноста и не живеат на овие простори.

Зошто ова го пишувам?

Затоа што на нивното безобразие нема крај.

Најмалку во два аспекта се обидуваат да ги лажат граѓаните.

СДСМ е последниот политички субјект на земјината топка што воопшто може да зборува за црвени линии, затоа што ставија црна точка на секоја можна линија поврзана со македонските национални интереси.

Да не играат на тактиката на кратко помнење.

СДСМ е таа која е наследничка на комунистичката логика.

СДСМ е таа која тешко се одвои од југословенската  прегратка.

СДСМ е таа која во раните 90′ соневаше за Белград, наместо Брисел.

СДСМ е таа која го смени националниот симбол, сонцето од Кутлеш.

СДСМ е таа која ја закова референцата ФИРОМ,

СДСМ е таа која го хранеше октоподот, за да  ги лапне сите фабрики во транзицијата и им ги поклони на сопствените олигарси.

СДСМ е таа која ја компромитираше одбраната во 2001 и го факторизираше ДУИ.

СДСМ е таа која со шарената револуција ги уништуваше институциите и фабрикуваше афери и рушеше легитимно избрани влади.

СДСМ е таа која го игнорираше фактот што 2/3 од земјите членки на ООН не признаа под уставното име.

СДСМ се кумовите на срамното име Северна.

СДСМ се архитектите на Преспанскиот договор и оној со Софија.

СДСМ се оние кои никогаш не го афирмираа името, јазикот, историјата и идентитетот, туку ги брусеа од јавните добра и ги уништуваа на меѓународна сцена.

Токму лидерите на СДСМ, Заев и Филипче се оние кои имаат фирми, бизниси и сметки во Бугарија.

Зошто СДСМ и Филипче токму сега ја доставија Резолуцијата, кога изборите се локални?!

Дали лидерот на СДСМ е уценет од бугарските служби ( му ги знаат банкарските сметки) за токму сега да глуми флексибилен фактор, за да ВМРО ДПМНЕ биде лошо момче во очите на Брисел, а СДСМ доброто.

Вториот аспект

Спотот за ” Домот” кој СДСМ  треба да го реновира.

Едноставно, од горе наведените факти, нереално е домот да го реновира оној кој го урнисал и уништил.

Нашиот дом, Македонија, никогаш  нема да дозволи да биде во рацете на оние кои го ограбија и обезличија.

Кампањата на СДСМ за нашиот дом е повеќе смешна отколку трагична.

Да резимирам,  СДСМ никогаш нема да има прилика да бои било какви црвени линии и да ги реновира темелите на оваа држава.

Фактите покажаа дека тие користат само белии линии и многу лош квалитет на граѓа

Поврзани вести