Skip to main content
Реакција на соопштението на Левица

Синдикат на полицијата: Се оградуваме од обидите за политичко профитерство на грбот на работниците од одредени политички партии

Независен синдикат на полицијата
Независен синдикат на полицијата

Сојузот на синдикати – 5та СИЛА и Независниот синдикат на полицијата во целост се оградуваат од искажаните ставови и обиди за политичко профитерство на грбот на работниците од страна на одредени политички партии кои се обидуваат да го осквренават Денот на трудот.

Политиката мора да се држи надвор од синдикатите, иако за жал се повеќе синдилалци водат политика наместо синдикализам, па дури се и дел од раководствата на одредени политички партии“, порачуваат од Полицискиот синдикат.