Претседателката на државава Гордана Сиљановска – Давкова го честиташе „Божиќ“ од Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје.
Во изјава за медиуми, таа изрази надеж дека најдоброто од сите ќе се разбуди на овој ден.
Се надевам дека навистина, како што архиепископот неколкупати напомена, дека ова ќе значи дека знаеме дека ѕвездата од Витлеем нѐ води и дека најдоброто од нас ќе се разбуди на овој ден. Посакувам вечен да е, се разбира, додаде претседателката на државава.