
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, денеска – 13 јули 2025 година, недела, присуствува на манифестацијата „Галичка свадба 2025“ којашто се одржува под нејзино покровителство, информираат од кабинетот на Претседателката.
Традиционалното одбележување на „Галичка свадба“ за првпат е одржано во 1963 година и со начинот на презентирање на својата богата културна традиција секоја година привлекува сè поголем број гости од дома и од странство.