
Во дел од своето обраќање годишно обраќање во Собранието, претседателката Гордана Сиљановска Давкова, истакна дека македонските евроинтеграции се „школски пример за занемарување на демократијата“ и дека политичката волја е потребна не само од нашата страна, туку и од Европската унија.
Таа нагласи дека двојните стандарди создаваат нестабилност и дека македонските граѓани го поддржуваат членството во ЕУ, но се разочарани од одложувањата.
Сиљановска Давкова потенцираше дека без јасни гаранции од ЕУ и Бугарија, со евентуални дополнителни уставни промени, Македонија ризикува да се најде во „геополитички вакуум“. Таа повика на внимателно одмерување на секој чекор и на учење од соседните земји кои настапуваат едногласно за своите интереси.
Претседателката истакна и дека македонската страна веќе предложила повеќе излезни решенија за напредок во преговорите со ЕУ, и дека очекува унијата да избере едно или да понуди свое креативно решение, како што го направи за Украина и Молдавија.
Сиљановска Давкова, говори за актуелните случувања во изминатиот период, како и за очекувањата во следната година во внатрешната и надворешната политика, состојбата во економијата…
Ова е второ годишно обраќање на Сиљановска-Давкова пред пратениците од преземањето на претседателската функција во мај 2024 година, кога стана прва жена шеф на македонската држава.

Македонски






