
Претседателката Гордана Сиљановска – Давкова испраќа силна поддршка и искрени желби за успешен олимписки настап на македонските спортисти на 25. Зимски олимписки игри во Милано – Кортина д’Ампецо.
Јана Атанасовска, Виктор Петков, Ставре Јада и Ана Цветановска се нашите спортски амбасадорки и амбасадори кои со храброст, дисциплина и посветеност го виорат македонското знаме на светската олимписка сцена.
Во Милано и на снежните патеки на Кортина д’Ампецо, меѓу најдобрите спортисти од светот, тие ќе ја испишуваат својата олимписката приказна, вградувајќи го македонскиот спортски дух во неа.
Македонскиот народ е со вас, верува во вас и ќе ве поддржува во секој ваш настап!“, вели Сиљановска – Давкова во својата порака.

Македонски



