Skip to main content

Сиљановска-Давкова: Ако гледаме низ призма на скрининг и реформи, би требало многу бргу да станеме членка на ЕУ

Ако гледаме низ призма на скрининг и реформски капацитети, би требало многу бргу да станеме членка на Европската Унија, ако се има разбирање за пречката поставена надвор од европските стандарди и критериуми – изјави претседателката Гордана Сиљановска-Давкова одговарајќи на новинарски прашања на заедничката прес-конференција со нејзиниот гостин. претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ.

На новинарско прашање да ја коментира изјавата на премиерот Христијан Мицкоски, кој во неделата рече дека „ако треба, ќе чекаме децении, но нема да прифатиме политики што директно влијаат врз нашиот идентитет, а не нудат предвидливост и јасен крај на процесот на пристапување во ЕУ“, таа оцени дека таа изјава била дадена во условна, кондиционална форма.

– Изјавата на премиерот беше во условна, во кондиционална форма „ако треба“… Јас мислам дека ние, по Црна Гора, ако се споредуваме технички, сме длабоко навлезени во евроинтеграцискиот процес, низ реформска призма, но не би можела јас да зборувам за кластери и за поглавја како мојот колега бидејќи првпат и во историјата на ЕУ и во историјата на европската заедница се поставуваат вакви услови за да почнете преговори. Ако гледаме низ техника призма, низ призма на скрининг, на реформските капацитети, би можеле и би требало, ако има разбирање за пречката, која е надвор од европските стандарди и критериуми, многу бргу да станеме членка на ЕУ – рече претседателката на заедничката прес-конференција со својот црногорски колега Јаков Милатовиќ, кој е во официјална посета на земјата.

Поврзани вести