
Во ВМРО-ДПМНЕ не се знае кој повеќе лаже. Мицкоски пред два дена најави дека пругата од британскиот кредит ќе започне да се гради до крајот на годината, а неговата министерка за финансии Кочоска денес рече дека нема да почне да се гради ни до 2027 година?
Има ли пилот во авионот на Владата? Откако се дојдени на власт, ни самите во Владата не знаат кој што изјавува и ветува, праша СДСМ?
Комични се сите најавени проекти на Мицкоски, кој сака да прикаже дека се случува некаков инвестициски бум, кога во реалноста едвај ги сработуваат проектите почнати од СДСМ, а од нови проекти нема ни трага ни глас.
Пругата од Коридорот 10, која ја најавува Мицкоски, е таков пример – за неа нема ниту проект, но веќе се знае дека ќе чини 2 милијарди евра. Очигледно, ВМРО-ДПМНЕ само знае колкава ќе биде провизијата за овој проект, ама за негова сериозна реализација нема ни капацитет, ни знаење во оваа Влада.
Го прашуваме Мицкоски: Кој лаже, тој или министерката Кочоска? Како тоа се знае дека пругата ќе чини 2 милијарди евра, а за неа нема ни еден збор на хартија или во план напишано од Владата?
Освен празни зборови и викање по митинзи, фалење со непостоечки проекти, Мицкоски за цела година ништо не сработе. Во Владата не се знае кој што зборува и што ветува – важно е да се лажат граѓаните од утро до вечер во медиумите.