Skip to main content
Став на ВМРО-ДПМНЕ

СДСM работи контра македонскиот народ, затоа имаат рејтинг на статистичка грешка

СДСM продолжува да работи контра македонскиот народ. Наместо да го стават прстот на чело и да се запрашаат зошто имаат низок рејтинг, тие продолжуваат да им се додворуваат на Бугарите, обвини ВМРО-ДПМНЕ.

34 години без престан, работат во корист за другите, а не за македонскиот народ и држава.Лажеа за знамето, за името, за Уставот, за ЕУ и за што уште не. На СДС во нивната матрица им е лагата.Денес, повторно пред јавноста, иако министерот за надворешни на Бугарија изјави Македонија да не очекува уставните измени да се последен чекор од интеграцијата во ЕУ,
СДС како партија за пропаганда, продолжуваат слепо да си веруваат сами на себе, дека уште уставни измени и ете сме во ЕУ.

На СДС не му е до достоинството, на СДС важни им се тендерите, сплетките, криминалите, омаловажувањата, буквално се што не треба.

Затоа имаат рејтинг рамен на статистичка грешка, затоа немаа доверба од народот и затоа не сме сите исти.

СДС се синоним за неспособност, криминал и предавства.

Поврзани вести