Skip to main content

СДСМ падна и во Крушево, победи Чонески од ВМРО-ДПМНЕ

Речиси целосно обработени податоци од Државната изборна комисија покажуваат дека СДСМ неочекувано го загуби Крушево, каде што по долги години доминација, водство презема коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

Според резултатите, Нико Чончески од ВМРО-ДПМНЕ освои 48,58% од гласовите (2.661 гласа), додека актуелниот градоначалник Томе Христоски од СДСМ доби 48,24% (2.642 гласа).

Разликата е само 19 гласа, но доволна за промена на локалната власт во еден од традиционалните социјалдемократски бастиони.

Поврзани вести