
Извршниот одбор на СДСМ вечерва даде согласност за 19 кандидати за градоначалници на претстојните локални избори.
Како што соопшти партискиот лидер Венко Филипче, за општина Центар кандидат е актуелниот градоначалник Горан Герасимовски, за Аеродром д-р Александар Трајановски, за Ѓорче Петров Костадин Ацевски – претседателот на ОО на СДСМ, за Крива Паланка актуелниот градоначалник Сашко Митовски.
Утврдени се кандидати и за Чучер Сандево, Берово, Лозово, Чешиново Облешево, Богданци, Дојран, Могила, Неготино, Крушево,…
Кандидатите се избрани врз основа на најавените принципи, со прилично широк консензус во општинските организации, луѓе имаат кредибилитет и легитимитет да ја побараат довербата, некои првпат некои повторно, рече Филипче.
Тој најави дека во наредните недели ќе ги објават имињата на кандидатите и за останатите општини.
Има општини, како што рече, за кои разговараат да поддржат и други кандидати освен од СДСМ.
За кандидатите што ги објави Филипче согласност треба да даде и Централниот одбор на партијата.
Ова се 19 општини за кои се знаат кандидатите:
Општина Центар – Горан Герасимовски (актуелен градоначалник)
Општина Аеродром – д-р Александар Трајановски
Општина Ѓорче Петров – Костадин Ацески
Општина Чучер Сандево – Сашо Комненовиќ (актуелен градоначалник)
Општина Берово – Илија Рунтевски
Општина Крива Паланка – Сашо Митовски (актуелен градоначалник)
Општина Лозово – Ацо Велковски
Општина Чешиново Облешево – Горанчо Крстев
Општина Богданци – Блаже Шопов
Општина Дојран – Ристо Џинев
Општина Могила – Зоран Ристевски
Општина Неготино – Петар Мантев
Општина Новаци – Љубе Кузмановски
Општина Росоман – Стојанче Николов (актуелен градоначаник)
Општина Вевчани – Стефан Радионоски
Општина Крушево – Томе Христоски (актуелен градоначалник)
Општина Ресен – Александар Бузлевски
Општина Штип – Павел Иванов
Општина Гази Баба – Влатко Митовски