Skip to main content
Филипче се закани дека ако се укине Техничката влада тие ќе го блокираат донесувањето на измените на Изборниот законик

СДСМ не ја дава Пржинска влада која беше воведена Заев да влезе во власта без да победи на избори

Техничката влада треба да замине во историјата. Ќе ја има уште на следните избори, без разлика кога ќе се случат. На една демократска држава не и приличи да има избори во кои ќе влегува опозицијата за да се гарантира фер гласање.Т.н Пржинска влада беше воведена по договорот што беше направен со четворицата тогашни лидери Никола Груевски, Зоран Заев, Мендух Тачи и Али Ахмети на улицата „Зеленгора“ во населбата Пржино на 2 јуни 2015 година кој требаше да стави крај на политичката криза во Македонија која  се случи по прислушуваните разговори кои ги објавуваше СДСМ. Денеска Филипче се закани дека ако ако се укине Техничката влада тие ќе го блокираат донесувањето на измените на Изборниот законик.

Со тој договор опозицијата назначува технички министри за внатрешни работи и труд и социјала а пак власта именува дополнителни заменици министри во МВР и Социјала. СДСМ пак во финансии, земјоделство и Информатичко општество.

Најважен дел од овој договор беше што актулениот премиер си заминува на 90 дена пред избори а на неговото место доаѓа друг од владејачката партија.

Досега со Техничката влада и СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ губеле и добивале избори и таа не влијаше во исходот на победникот.

Поврзани вести