
Додека беше во опозиција, Христијан Мицкоски инсистираше дека техничката влада мора да остане сè до влезот на Македонија во Европската Унија. Сега, со мнозинство на ВМРО-ОКГ и ЗНАМ, неговата тендер коалиција, Собранието изгласа укинувањето на техничката влада, која постоеше од 2016 година како единствен механизам за заштита од целосна узурпација на институциите и обезбедување барем минимално фер услови на изборите, се вели во соопштението на СДСМ.

Мицкоски ја урна последната линија на одбрана на демократските и фер избори.
Сега е сосема јасно зошто толку брзаше да ја укине техничката влада – сака да владее без никаква контрола, без транспарентност и без никаква одговорност.
Граѓаните пред изборите нема да можат да дознаат сите детали за наместените тендери и малверзациите што оваа власт ги спроведуваше.

Македонски


