
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова утре ќе присуствува на погребната миса посветена на Неговата светост папата Франциск, којашто ќе се одржи пред базиликата Свети Петар во Ватикан.
Како што соопшти Кабинетот на Сиљановска-Давкова, со мисата ќе претседава Неговото Високопреосвештенство кардинал Џовани Батиста Ре, декан на Колеџот на кардиналите.
На последното испраќање на папата на плоштадот Свети Петар најавено е присуство на бројни светски лидери – претседатели и премиери, членови на кралски семејства, верски водачи и на околу 200.000 верници.
Папата Франциск на негова желба ќе биде погребан во базиликата Санта Марија Маџоре во Рим.