Skip to main content

Премиерот Мицкоски во работна посета на општина Кавадарци

Претседателот на владата Христијан Мицкоски денеска ќе оствари работна посета на Општина Кавадарци.

Мицкоски, како што е најавено, најпрво ќе изврши увид на градежни активности на изградба на мост преку реката Луда Мара до село Марена.

Потоа, Мицкоски ќе присуствува на пуштање во употреба на реконструираното регулирано речно корито од мост Видео Смилевски до Северен булевар и ќе направи увид во градежни активности на фекален колектор Опитно поле.

Мицкоски ќе изврши увид и во градежни активности на изградба на затворен базен, финансиран од Министерство за спорт во износ од 35.500.000 милиони денари.

Поврзани вести