Skip to main content

Премиерот Мицкоски в четврток на средба со УПОЗ, претходно и КСС ја прифати одлуката

Премиерот Христијан Мицкоски в четврток попладне ќе се сретне со Синдикатот на УПОЗ. Средбата е закажана за 16.45 часот, а доаѓа откоаг Мицкоски даде понуда за раст на платите за која УПОЗ рече дека е прифатлива и дополнително ќе се разговара во рамките на синдикалните организации.

Претходно, понудата на Владата беше прифатена и од КСС, предводен од Благоја Ралповски.

Во изјава за медиумите премиерот рече дека понудата е на маса повеќе од една година и дека е подготвен за средба и потпишување на колективниот договор за државни службеници.

Поврзани вести