
Потпретседателот на ДУИ, Аријанит Хоџа вели дека немало да влезат во владата без договор, иако признава дека никој не ги поканил. Тој во интервју за ТВ 21 вели дека досега премиерот Мицкоски не го поканил Ахмети на средба.
„Секако, тоа е една од темите за кои треба да разговараат Ахмети и Мицкоски, бидејќи е потребно усогласување на сите ставови на етничките заедници за тоа како сакаме да ја видиме оваа држава. Ние, Албанците, сакаме оваа држава да ја видиме во Европската Унија, рамноправна со сите други држави. Албанците во Македонија немаат друга алтернатива. Ова е наша држава и таа може да се изгради само врз основа на целосно партнерство меѓу Албанците и Македонците, а нашата иднина е во големото европско семејство“, вели Арјанит Хоџа, објави ТВ 21.

Македонски



