Skip to main content

Полициски службеници успешно евакуираа припадник на македонската Армија од огнената стихија

Полициски службеници успешно евакуираа припадник на македонската Армија од огнената стихија, се вели во Фејсбук статусот на министерството за внатрешни работи.

Денеска (27.07.2025) полициски службеници со хеликоптерот на МВР Агуста Бел 212 извршија спасување на повредено воено лице на линијата на пожарот. Во исклучително тешки услови беше извршено драматично спасување на С.Н. од македонската Армија од првата пешадиска бригада од Штип за време на неговата несебична борба со огнената стихија. Полициските службеници уште еднаш на дело ја покажаа својата хуманост и одговорност кон секој еден човек пред се! Активностите на полициските хеликоптери продолжуваат се до целосно гасење на пожарите на територијата на целата држава, истакнаа од МВР.

Поврзани вести