Skip to main content

Полициската акција е за разбивање на група која вршела нелегална сеча на шуми

 Во тек е голема полициска акција на подрачјето на Берово, Пехчево и Делчево, која од синоќа се спроведува и се уште трае.

Акцијата е насочена кон разбивање на организирана криминална група која вршела нелегална сеча на шуми, злоупотреба на службена положба, примање и давање поткуп, како и други тешки дела против животната средина.

Од МВР потврдија дека акцијата е во тек и дека наскоро ќе излезат со повеќе детали.