
ВМРО-ДПМНЕ вечерва во Богданци ги претстави своите кандидати за советници и кандидатот за градоначалник Марјан Пеев.
Речиси да нема локален функционер кој нема кривична пријава за корупција, општина Богданци е руинирана и уништена – изјави Пеев.
Марјан Пеев од говорницата на денешниот народен митинг најави големи проекти која ќе ја вратат општина Богданци на стабилни нозе. Сегашната власт целосно ја има запуштено општината. Направени се катастрофални грешки, голем број на клучни објекти и бизнис беа затворени. Но Марјан Пеев и ВМРО-ДПМНЕ вети ја искрена и чесна работа кон развој и напредок на општината.