
Партијата на пензионери, како партија на политичкиот центар, ја поддржува иницијативата на Премиерот Христијан Мицкоски за постигнување на широк политички консензус за клучните реформски закони за трасирање на единствен пат кон Европската Унија и за укинување на техничката Влада, стои во соопштението на партијата.
Неопходно е да сите стратешки и витални прашања во врска со државата се решат на еден консензуален и транспарентен начин, во вистинска визионерска смисла и во интерес на граѓаните, со нивно реално аплицирање на секојдневното живеење.
На владејачките партии, како носители на законодавната и извршната власт, им посочуваме конструктивно да ги согледаат предлозите и забелешките од страна на опозицијата, но во исто време на опозицијата и предлагаме да се вклучи максимално во поднесувањето на реални и издржани солуции како и да ги подржи сите добри решенија на Владата, кои се во интерес на граѓаните и државата.
Партијата на пензионери уште еднаш потенцира и бара од сите релевантни политички фактори во земјата да се покаже и докаже највисокото рамниште на политичка, општествена, национална и државничка доблест, мудрост и вештина за постигнување на во овој момент најбитната државна цел а тоа е полноправно и достоинствено членство во Европската Унија“, порачуваат од партијата на пензионери.

Македонски




