Skip to main content

Ова се бројките: Филипче оствари историски дебакл на локалните избори од сите лидерите на СДСМ

Филипче, клонот на Заев, ја руинира СДС, историски дебакл на некогаш големата СДС.Дебаклот што се случи на локалните избори е знак дека СДС тоне во нивната ароганција, аздисаност и водење политики спротивно на интересите на народот,oбвини ВМРО-ДПМНЕ.

На локалните избори СДС освои околу 126 илјади гласови на советничките листи, што претставува убедливо најлош резултат во историјата. Или во број на советници, СДС има 230, што е за 2,5 пати помалку од ВМРО-ДПМНЕ. Споредбено со 2021 година, СДС имаат загубено околу 110 илјади гласови, а приближно 170 советнички места.

Да е трагедијата уште поголема, на неколку места во државата, СДС е трета, четврта и пак петта партија. Такви се случаите во Битола, Брвеница, Бутел, Дебарца, Карпош, Кисела Вода, Кочани, Брод, Могила, Долнени, Куманово, Шуто Оризари и градот Скопје.

СДС си го изгуби и бастионот Струмица и тоа уште во прв круг, а тенденциите се дека ќе ги изгуби скоро сите општини каде се влезени во втор круг, токму од ВМРО-ДПМНЕ.

Затоа, потребна е оставка од Филипче и итни реформи во СДС. Срамни се овие резултати на некогаш големиот Социјалдемократски сојуз.

Toj има полош резултат дури и од Радмила Шкеринска и Владо Бучковски.

Поврзани вести