
„Мене не ми е потребна власт по секоја цена. Јас треба да демонстрирам со личен пример како понатаму. Треба ли да победи корумпираниот систем? Во следниве денови ќе преземеме чекори, тоа ви го должам вам и на семејствата на жртвите. Системот мора да се ресетира. Мора да демонстрираме ние како политичари нешто различно. Или ќе не биде, или нема да постоиме како држава. Мора да се стави крај на корупцијата. Ова не е меѓупартиска битка, туку битка меѓу чесните и нечесните. Јас сум одлучен. Ќе има решителни чекори и одлуки. Благодарам на сите пријатели што ни помагаат“, кажа премиерот Христијан Мицкоски на денешната прес-конференција по големата трагедија во Кочани, кога се запали дискотека во која загинаа 59 лица.
Тој додаде:
Ова не е меѓупартиска битка ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, туку ова е битка на чесните против нечесните и корумпираните од сите партии и сите институции. Ова го зборувам за сите чесни луѓе во Македонија, и во ВМРО-ДПМНЕ, и во СДСМ, и во Вреди, и во ДУИ и во други партии кои искрено сакаат државата да има ред и поредок. Без разлика на идеолошките разлики мора да се стави крај на корупцијата и да се срозат корумпираните и раскалашени луѓе кои ги злоупотребуваат институциите исто како што тие го срозија и прегазија ова што денеска го гледавме, а тоа се нашите души.