Skip to main content

Отфрлена тужбата на Заев против Петрушевски 

Основниот суд Струмица се прогласи за месно ненадлежен по тужбата поднесена од поранешниот премиер и лидер на СДСМ Зоран Заев против пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Бране Петрушевски, информира самиот Петрушевски на својот профил на Фејсбук.

Навидум мала, но за мене голема победа против Зоран Заев. Со решение, Основниот суд Струмица се прогласи за месно ненадлежен по тужбата поднесена од Заев против мене. Или поранешниот премиер и претседател на телото за реформи во правосудството, заедно со својот адвокат роднина, навистина немаат поим од правото, или сè уште мислат дека Струмица е нивен личен пашалук, па се обиделе на ваков начин да влијаат врз пресудата.

Како и да е, ваквиот обид на блеферот Заев не помина, а уште помалку успеа во намерата да ме замолчи. Продолжуваме“, нашиша пратеникот Петрушевски.

Поврзани вести