Skip to main content

Општина Штип во спомен на загинатите во несреќата во Кочани утре организира Комеморативна седница

Стремејќи се да го одржи вечен споменот за трагично загубените животи на своите чеда, жалејќи по своите сограѓани, од името на сите, Општина Штип со должна почит и во спомен на загинатите во несреќата во Кочани организира Комеморативна седница.

Како чин на споделување на тагата со најблиските на жртвите, комеморацијата ќе се одржи во големата сала на Домот на културата – НУЦК „Ацо Шопов“, во петок 21 Март 2025 година, со почеток во 13:00 часот.

Поврзани вести