Случаот „Делчевски ниви” се чини беше уште една распрсната лага на поранешниот премиер Димитар Ковачевски и неговата политичка партија. Случајот заврши без докази за сторено кривично дело, односно истрагата се прекина.
По анализа на кривичната пријава, исказите на сведоците, исказот на осомничените, како и сите обезбедени материјали, во текот на истражната постапка, се констатира дека од конкретната истражна постапка, не произлегоа ниту материјални, ниту вербални докази, кои би го потврдиле основното сомнение, дека делата кои им се ставаат на товар на осомничените, се кривични дела, за кои, се гони по службена должност, односно произлезе дека пријавените не превзеле дејствија, кои ги сочинуваат битијата на пријавените кривични дела“ – стои во обвинителската одлука.
Година дена подоцна сега веќе суспендираниот виш јавен обвинител, Мустафа Хајрулахи го коментира овој предмет. Вели овој предмет бил чист граѓанско-правен предмет, а од страна на јавни обвинители имало изживување врз пријавените.
Имаше изживување врз тие пријавени од страна на јавното обвинителство. Тоа беше чист граѓанско-правен однос и така и заврши. Имаше наредба за запирање заради тоа што е граѓанско-правен однос. Така и заврши тој прдме. Имаше притвори, имаше после тоа за некои луѓе мерки за претпазливост, тие пријавени имаа блокирани сметки, тие пријавени беа шиканирани пред јавноста. Како тоа, му текнало да води предмет против тие од Делчевски ниви, за после не знам колку време да се донесе одлука за запирање на кривичната постапка. Тоа беше изживување – коментира Хајрулахи
Во поткастот Претрес, запрашан дали тој бил директно поврзан со случајот „Делчевски ниви“ тој вели:
Мене како виш јавен обвинител, законот за јавно обвинителства, правилникот за внатрешно работење и задолжителните упатствата ме обврзуваат да барам информации по однос на предмети за конкретни кривично-правни настани, а се со цел, понискиот јавен обвинител да знае дека е под опсервација на повисокиот јавен обвинител за да не злоупотребува мерка притвор, мерка на претпазливост, мерка на блокирање на сметки. Пониските јавни обвинителства се обврзуваат секојдневно да го известуваат непосредно повисокиот јавен обвинител за сите предмети кои се од интерес на јавноста. Мене ме задолжува законот да барам информација. Тоа не е мешање во работата, не му се мешам како да постапува, туку ме интересира зошто се направени одредени чекори, зошто е баран и даден притвор или се блокирани сметки. Барав информации за предметот што е согласно закојот, правилникот и упатствата – коментира Хајрулахи.