Skip to main content
Марко Југ, директор на Универзитетскиот клинички центар во Љубљана

Ниту една држава не може сама да се справи со ваква трагедија

Ниту една држава не може сама да се справи со ваква трагедија и ние сме многу среќни што некако можевме да придонесеме и секогаш ќе бидеме тука кога ќе ви треба, изјави Марко Југ, директор на Универзитскиот центар во Љубљана, Словенија, каде што се лекуваат четворица пациенти кои се повредени од пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани во која 59 лица, од кои шест малолетници, го загубија животот на 16 март годинава.

Според последните информации од Министерството за здравство, од четворицата пациенти кои се лекуваат во болницата во Љубљана, тројца се во посериозна ситуација.

Почитуван министер. Ви благодариме за посетите. Гледаме дека ова е искрена посета, што ни покажува дека интересот на македонскиот народ е подготвен да ги има овие луѓе кои беа толку тешко повредени. Ниту една држава, не може сама да се справи со ваква трагедија и ние сме многу среќни што некако можевме да придонесеме и секогаш ќе бидеме тука кога ќе ви треба. Мислам дека ова е доказ, дека Европа како целина може да се справи со многу различни ситуации, никој сам не може да се справи дури ни нешто слично. Затоа ви благодариме за вашата посета. Со одговорност преземаме дека пациентите се подобруваат. Се надеваме на најдоброто. Ќе дадеме се од себе и ќе останеме тука за вас, изјави д-р Југ..

Поврзани вести