
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, при посета на Николиќ на брегот на Дојранското езеро, истакна дека тоа е место коешто ја има најубавата плажа на Дојранското Езеро. При посетата, Николоски разговарал со жителите за три крупни работи коишто треба да се решат таму.
Прво и најбитно е правилно снабдување со електрична енергија, имајќи предвид дека Николиќ се шири, расте со многу нови куќи, многу нови викендици, потребно е овој проблем да се реши и ќе разговараме со сите соодветни институции.
Второто е изградба на патека којашто ќе е осветлена соодветно со канделабри, којашто ќе е туристичка атракција, којашто ќе води од Николиќ до плажата на Николиќ и трето е уредување на плажата којашто ќе добие концесионер којшто ќе има обврска убаво да ја уреди и да стане една нова туристичка атракција.
Исто така разговаравме за изградба на културен дом кој што ќе можат жителите тука да го поминуваат слободното време, а разговаравме и за претшколското згрижување односно за градинката и како на полесен начин родителите да можат да ги носат своите деца.
Убеден сум дека Илија ќе е новиот градоначалник на Дојран и дека заеднички ќе можеме да ги решаваме сите овие работи, а Владата стои позади него за решавање на сите овие проекти за кои зборувавме“, истакна Николоски.

Македонски








