Skip to main content

МВР спроведе преветивни активности за заштита од пожари

Одделението за превенција при СВР Скопје во соработка со Дирекција за заштита и спасување и Национални Шуми, спроведе превентивно едукативни активности на подрачјето на ПСОН Чаир, под мотото „Да ги заштитиме нашите шуми од шумски пожари и од пожари на отворен простор“, насочена кон подигнување на јавната свест за заштита од пожари и одговорно однесување.

Како што соопшти МВР, на граѓаните им било укажано на потребата од пријавување на несовесно однесување, особено палење оган на отворено, фрлање отпушоци и други дејствија кои можат да предизвикаат пожари, имајќи ги предвид зголемените ризици во летниот период.

Притоа по случаен избор на возачите и жителите на населените места им се делеле и едукативен материјал односно летоци, на кои се испишани едукативни пораки со цел подигнување на безбедносната свест.

Полициски службеници од ПС Кочани и ПС Свети Николе спроведоа превентивни активности за заштита од пожари на отворен простор во рекреативниот центар Пониква, заедно со Доброволно противпожарно друштво Кочани, Територијалната против пожарна единица и ЈП Национални шуми Св.Николе – се вели во соопштението.

Поврзани вести