
Амбасадата на Република Македонија во Абу Даби соопшти дека се разгледува можноста за репатриација и евакуација на нашите граѓани од Обединетите Арапски Емирати преку Кралството Саудиска Арабија. Како што се наведува во објавата на социјалните мрежи, репатриација и евакуација на нашите граѓани кои се затекнати во ОАЕ ќе се одвива преку копнената граница кон Кралството Саудиска Арабија, и од таму со авиони кои полетуваат од нивна територија.
-Транспортот од Обединетите Арапски Емирати до Кралството Саудиска Арабија би се одвивал по копнен пат со автобуси и истиот би траел од 13 до 15 часа. Преку формално барање/Нота од Амбасадата и МНР врз основа на доставен список, властите на Саудиска Арабија би издале хуманитарни визи за македонските граѓани на самиот граничен премин, се наведува во информацијата.
Македонските граѓани кои се заинтересирани за оваа можност треба да се пријават на дежурниот број на Амбасадата +971 56 441 7532 како и на емаил адресата: [email protected].
Министерството за надворешни работи пред два дена ги објави телефони за помош за нашите граѓани на Блискиот Исток.

Македонски

